Навивачите немаат дилеми кој треба да биде селектор на Македонија на ЕП

Игор Ангеловски треба да биде селектор на македонската фудбалска репрезентација и за време на Европското првенство кое ќе се игра следното лет, е мислењето на над 90 отсто од луѓето кои беа дел од 24-часовната анкета направена преку фејсбук-страницата на Спорт Манија.

На поставеното прашање кој треба да ја предводи македонската фудбалска репрезентација на ЕП 2020, во опција имаше три одговори. За Игор Ангеловски гласаа 91 отсто од анкетираните, само седум отсто својот глас го дале дека на клупата на ЕП треба да седи странски селектор, додека два отсто од гласовите се дека селекторот треба да биде домашен, но тоа да не биде популарниот Мрме.

Ангеловски е на чело на репрезентацијата веќе пет години и под негово водство Македонија за првпат во историјата обезбеди пласман на завршница на едно големо натпреварување. Актуелниот договор на селекторот истекува за два дена и засега нема информации дали ќе му биде продолжен, па почнаа шпекулации дека веќе се подготвува негова замена со некој странси стратег.

Според гласањето на навивачите, повеќе од јасно е дека човекот кој ја одведе репрезентацијата до најголемиот успех, човекот кој ги сплоти сите репрезентативци како едно големо семејство едноставно треба да добие нов договор и да биде предводник на националниот тим на континенталниот собир следното лето.

 

- Оглас -

Најнови вести