Навивачите се соблекоа да ги покажат задниците, а фудбалерот од пенал погоди со најочајната паненка (Видео)

Клермон со 2:1 го победи Анже во меч од 31. коло на француското првенство, триумфот со кој домаќините дополнително се одалечија од опасната зона, додека гостите останаа заковани на дното и сигурно следната сезона ќе играат во втора лига.

Домаќините беа фаворити за победа, но потешко од очекувањата стигнаа до триумф. Анже поведе по само осум минути играа Клермон направи пресврт до полувремето и тоа со два погодоци од пенали.

Посебно впечатлив беше пеналот што го изведе Мухамед Чам. Навивачите на Анже решија да го деконцентрираат фудбалерот со тоа што решија да се соблечат и кон фудбалерот да ги покажат своите голи задници и на тој начин да го деконцентрираат противничкиот играч.

Мухамед Чам реши пеналот да го изведе со паненка, која за малку ќе беше неуспешна. Фудбалерот на Клермон лошо шутираше по средината на голот, но гостинскиот голман со несмасна интеревенција само ја внесе топката во својата мрежа. Токму овој гол се покажа како решавачки за Клермон да освои три бода.

- Оглас -

Најнови вести