Навивачите во Англија го кажаа своето – Ливерпул да биде шампион!

Ливерпул или Мачнестер сити? Тоа е дилемата за новиот првак во Премиер лигата. Ливерпул е лидер и има два бода повеќе, но Сити има еден меч повеќе да одигра. Според многумина, клучот ќе биде утрешната средба на Сити, на гости кај Манчестер јунајтед. Доколку Сити ги освои трите бода на „Олд Трафорд“, ќе има отворен пат кон одбрана на титулата.

Во пресрет на клучните средби беше направена анкета во која беа вклучени навивачи на сите премиерлигашки клубови. Резултатот од анкетата е дека навивачите во Англија повеќе сакаат Ливерпул да биде првак.

Вкупно фанови на 14 клубови сакаат Ливерпул да се радува по пауза од 29 години, додека навивачи само од пет премиерлигаши се за Сити да го одбрани тронот, а фановите на Барнли се подеднакво поделени. Интерено е тоа што симпатизерите на Манчестер јунајтед повеќе сакаат Сити да биде првак отколку Ливерпул.

Еве ги резултатите од анкетата спроведена меѓу навивачите во Англија.

- Оглас -

Најнови вести