„Театарот на соништата“ во Манчестер утре ќе биде кошмар за Ливерпул

Ливерпул речиси три децении чека и мечтае на освојување на титулата во англиското првенство. Англискиот гигант, кој во своите витрини има 18 шампионски трофеи, последен пат се радувал на титула во домашниот шампионат во 1990 година. Сезонава Ливерпул е во „мртва трка“ во Манчестер сити за шампионското место, а сè може да се решава дури и во последното коло.

Моментно на табелата Ливерпул има 88 бодови од 35 меча, а Сити е втор со 86 од 34 одиграни средби. Тоа значи дека доколку „граѓаните“ ги добијат сите четири дуели до крајот, ќе ја одбранат титулата, а Ливерпул повторно ќе извиси.

Главна надеж за Ливерпул и неговите навивачи е дека Сити може да киксне на утрешното гостување во дербито против градскиот ривал Јунајтед. Доколку „граѓаните“ не успеат да победат на „Олд Трафорд“, Ливерпул ќе остане прв и ќе го има „џокерот“ во свои раце.

Сепак, коефициентите кои ги нудат обложувалниците за овој меч не ветуваат ништо добро за Ливерпул. Според квотите кои ги има во Sport Life обложувалниците, Сити е голем фаворит и „двојката“ на овој меч е со коефициент 1,50. Ремито е со коефициент 4,55, а победа на Јунајтед е со коефициент 6.00. Речиси и да не се памети кога „црвените ѓаволи“ биле толку големи аутсајдери на еден меч на свој терен.

Ако се гледа според коефициентите, популарниот „Театар на соништата“ утревечер ќе се претвори во голем кошмар за Ливерпул, а „црвените ѓаволи“ нема да дозволат најголемиот ривал да го оствари сонот кој го сонуваат безмалку 30 години.

Дури и навивачите на Манчестер јунајтед повеќе сакаат нивниот миленик утре да загуби за Ливерпул да не биде прв во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести