Навивачот пренесен во болница, Кадиз – Барселона продолжи

Натпреварот од шпанската лига помеѓу Кадиз и Барселона продолжи. Средбата беше прекината во 82-ра минута откако на еден повозрасен фан на Кадиз на трибините му се слоши, најверојатно имаше срцев удар.

Навивачот кој доби итна медицинска помош на стадион, беше пренесен во болница, а играчите се вратија на терен и после кратко загревање, ќе го доиграат мечот на кој Каталонците водат со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести