Навивачот што го удри голманот на Арсенал си доби заслужена казна

Пред еден месец, Арсенал го победи Тотенхем во големото лондонско дерби, а по мечот се случи голем инцидент. Додека голманот на Топчиите Арон Рамсдејл беше пред неговиот гол, од позади, од трибините се појави навивач на Тотенхем.

Луѓето од обезбедувањето спречија да нема поголем инцидент, а подоцна напаѓачот беше идентификуван како Јозеф Ватс (35 години). Овој навивач на Тотенхем, денеска ја дозна казната поради испадот на стадионот.

Прекршочниот суд му даде забрана на Ватс за одење на стадион во следните четири години, но тука има уште неколку казни. Навивачот во период од една година ќе биде под постојан надзор, ќе мора да му плати оштета од 100 фунти на Рамсдејл, а ќе треба да одработи и 150 часа општокорисна работа.

https://twitter.com/i/status/1614986650211307521

 

 

- Оглас -

Најнови вести