Навивајте за Македонија против Финска и Азербејџан за 150 денари

Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кои ќе се одиграат на 17 и 20 ноември  на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина,150 денари за јужната трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17 ноември, 18:00 часот)

МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20 ноември, 14:00 часот)

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24     150 денари

Блок 21 и 23                             150 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                         150 денари

Блок 3 и 4                                 200 денари

ПРОДАЖНИ МЕСТА:

Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК  – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол  – Илинденска
• Макпетрол – Влае

Велес:
• Унисон

Прилеп:
• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако

Гостивар:
• Тобако Вона 5

Охрид:
• ТА Вис Пој

Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers

Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари

Радовиш:
• ТА Халкидики

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот. 

- Оглас -

Најнови вести