НБА е уметност – Пируета за десетка на Вол, Морант го истрча бостонскиот маратон (Видео)

Џон Вол конечно се разбуди и беше лидер на Хјустон, каков што од него очекуваа Ракетите, а со трипл-дабл и неколку исклучително атрактивни потези покажа дека се уште е еден од најдобрите бекови во НБА.

Постигна 19 поени, со 11 скока и 10 асистенции, а пируетата што ја изведе по брилијантната индивидуална акција е за десетка во победата на Хјустон од 117:99 против Торонто репторс.

Џа Морант беше клучниот фактор за изненадување на мечот меѓу Мемфис гризлис и Бостонс селтикс. Домаќините победија во возбудлив меч со 132:126 по едно продолжение, а бекот на Мемфис беше незадржлив.

Во еден момент со прекрасни дриблинзи го претрча целиот терен и ја надмудри комплетната петорка на Бостон за атрактивна завршница.

Морант го заврши мечот како прв стрелец со 29 поени, нанижа и 9 асистенции со пет скока, а во уште една акција 21-годишиот бек на Мемфис покажа дека е еден од најатрактивните НБА играчи и еден од предводниците на новиот бран во лигата.

- Оглас -

Најнови вести