НБА го објави распоредот, во првата вечер во Дизниленд ќе има градско дерби

Кошаркарската НБА лига го објави распоредот за продолжението на сезоната. На првата вечер од рестартот на сезонава, на 30-ти јули, ќе има два меча и тоа Јута џез – Њу Орлеанс пеликанс, и градското дерби помеѓу двата тима од Лос Анџелес, Лејкерс против Клиперс. Како што е познато, сезоната во НБА ќе се доигра во комплексот „Светот на Дизни“ во Орландо на Флорида.

Од 31 јули натаму, секој ден ќе има барем по пет меча и тие ќе се играат најрано со почеток од 12 часот на пладне по локално време, а последните ќе стартуваат во 21 часот. Ќе се игра во три различни сали, а регуларната сезона треба да заврши на 14-ти август, откако секој тим ќе одигра по осум натпревари.

Потоа следува стандарден плејоф, со осум тима од секоја конференција и ќе се игра во четири добиени. Сезоната најдоцна може да заврши на 13-ти октомври, доколку се игра седми меч во големото финале. Во НБА има 16 заразени играчи со коронавирус, од 302 тестирани, па ќе треба да се почитуваат многуте строги мерки кои се запишани во договорот на лигата со клубовите и асоцијацијата на кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести