НБА-клубовите прават ќар и во криза – Продаваат маски со лого за 15 долари

НБА-клубовите остваруваат стотици милиони долари од маркетинг и продажба на сувенири, дресови, производи со логото на екипите, а се снаоѓаат и во услови на криза, кога не се игра кошарка.

Овојпат маските за заштита од ковид-19 се искористени како таргет за продажба, а можат да се купат за 15 долари и ги има со логото на сите клубови што играат во НБА-лигата.

Сепак, има и објаснување дека маските можат да се користат само како сувенири и не штитат од евентуална зараза со корона-вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести