НБА кошаркарот на брод во Охрид го кажа судбоносното „Да“ (Видео)

НБА кошаркарот на Кливленд кавелирс, Џеди Осман денеска во Охрид ја ожени познатата турска актерка Ебру Шахин. Двојката зачекори на пристаништето во Охрид, каде ги чекаше брод на кој се качија гостите, а потоа Осман и Шахин ја крунисаа својата љубов со брак.

На скромната забава имаше околу 50-тина гости, од кои некои беа и познати турски актери, а секако тука беа и роднините и пријателите на двајцата вљубени. Бродот два часа пловеше низ Охридското езеро, а оваа свеченост беше само како најава за тоа што ќе се случи на 7 јули во Чешме, Турција, а тоа е големата свадбена веселба.

- Оглас -

Најнови вести