НБА не простува манипулации: Дејвис казнет со 50.000 долари

Според правилникот на НБА, на кошаркарите и нивните агенти им е забрането јавно да бараат трејд, правило кое Дејвис и неговиот агент Рич Пол не го почитуваа, па затоа најдобриот кошаркар на „пеликаните“ доби казна од 50.000 долари.

Пол пред неколку дена за американските медиуми истакна дека Дејвис нема намера да ја продолжи соработката со Њу Орлеанс и има желба да заигра за тим со кој може да се бори за шампионската титула, по што лигата веднаш покрена истрага поради спорните изјави и го казни Дејвис.

Поради повреда на прст од левата рака со која се здоби на 18-ти јануари, Дејвис ги пропушти последните натпревари за Пеликанс, а се очекува да се врати на терените оваа недела.

Крајниот рок за трејдови е седми февруари, а во игра за услугите на Дејвис се неколку клубови, со тоа што ЛА лејкерс најмногу притискаат да го доведат популарниот „Веѓа“ во Калифорнија и со Леброн Џејмс да градат „дрим-тим“.

- Оглас -

Најнови вести