НБА подготвува драстични мерки за заштита од Коронавирусот

Раководството на кошаркарската НБА-лига ќе одржи состанок на кој ќе одлучи како да се организира натпреварувањето додека трае проблемот со Коронавирусот. Веројатно ќе се преземат мерки и чекори кои нема да им се допаднат на многумина, но ако има потреба, ќе се играат мечеви и во градови кои немаат НБА-клуб.

Предлог е доколку вирусот ја „избрка“ кошарката од некој град, мечевите да се играат во некој соседен град или првиот најблизок кој гарантира безбедност.

Како најдрастични мерки се понудени забрана за присуство на публика, дури и привремен прекин на сезоната. Градските власти во Сан Франциско му наложија на Голден стејт вориорс да игра без публика или да ги одложи мечевите, но клубот одби. Сепак, Воините на влезот на нивната сала имаат соопштение во кое стои дека секој гледач кој влегува во салата, сам си сноси ризик и дека може да „закачи“ Коронавирус.

Кливленд кавалирс до 24 март нема да игра дома, туку само на гости, но дотогаш којзнае уште што ќе се случува.

- Оглас -

Најнови вести