НБА покрена истрага против ѕвезда на ЛА клиперс

НБА лигата покрена истрага против Лу Вилијамс, кошаркарот на ЛА клиперс, поради неговите активности надвор од Орландо со цел да му одредат период за изолација кога ќе се врати во „Светот на Дизни“.

Вилијамс побара и доби дозвола да го напушти „Светот на Дизни“ со оправдување дека мора да замине поради семејни причини, а потоа се појави фотографија на социјалните мрежи како се забавува во стриптиз бар во Атланта со неговиот пријател Џек Харлоу, амерканскиот хип-хоп артист.

Иако фотографијата набрзо беше отстранета, Харлоу го правдаше пријателот дека истата фотографија е стара, меѓутоа јасно се гледа како Вилијамс носи заштитна маска со амблемот на НБА, веројатно ја добил при влезот во „Светот на Дизни“.

https://twitter.com/TheNBAHustle/status/1286711835773644800

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести