НБА ѕвезда го предизвика Волкановски да се борат и да го тушира за една минута, исходот очекуван (Видео)

Кошаркарот на НБА првакот Денвер нагетс, канадската ѕвезда Џамал Мареј, беше во Австралија каде го посети УФЦ шампионот Александар Волкановски и сакаше заедно да тренираат.

Тие не се иста категорија, Мареј е 25 сантиметри повисок, а и многу потежок од „Александар Велики“, но ја нема техниката на Австралиецот со македонско потекло, па доби неколку лекции по бокс и борење.

Мареј се обложи со Волкановски дека ќе издржи една минута без да биде туширан од него ако се борат. Волкановски го прифати предизвикот и борбата почна. Волкановски се мачеше против далеку покрупниот „противник“, но точно на истекот на минутата, Мареј беше во загубена позиција и даде знак дека се предава.

Волкановски на крајот му призна на Мареј: „Ти си многу подобар во боречки вештини, отколку јас во кошарка“.

- Оглас -

Најнови вести