Ѕвезда на НБА истепа еден од демонстрантите и се правда: Ми го скрши прозорот од автомобилот (видео)

Некогашната ѕвезда на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит, е снимен како тепа еден од демонстрантите за време на протестите во Лос Анџелес, со оправдување дека дечкото му скршил прозор од автомобилот пред неговата куќа.

Работите излегоа надвор од контрола во САД откако има протести во повеќе градови поради смртта на Џорџ Флојд, кој умре во рацете на полицијата во Минеаполис. Тоа се случува и во Ел-Еј, каде што Смит претрпе штета и одлучи сам да си го реши проблемот наместо да чека да реагираат надлежните органи.

Смит потоа се обрати на социјалните мрежи: „За видеото кое кружи на кое се гледа како тепам човек, сакам да бидам јасен зошто го сторив тоа. Дечкото сакаше да прави проблеми во населба каде што нема супермаркети и слични објекти, дојде и ми го скрши прозорот од автомобилот. Јас го бркав на улица и му одржав лекција. Тука живеат луѓе и не е место за протести. Мојот акт не е злочин на омраза, немам проблем со никој кој си нема проблем со мене. Проблемот е во системот, затоа и така реагирав“, се изјасни поранешниот кошаркар на Кливленд.

https://twitter.com/TNHTalk/status/1267214679027314688

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести