НБА-ѕвезда застана во одбрана на своите сонародници: Ако ги следиме сите конфликти, ќе нема каде да играме

Француската кошаркарска федерација донесе одлука да им забрани настап за репрезентацијата на сите кошаркари кои ќе потпишат, односно играат за руски клубови додека трае војната во Украина.

Оваа одлука, пред сè, се однесува на Ливио Жан-Шарл и Луј Лаберије, кои деновиве станаа нови членови на ЦСКА Москва, односно Уникс Казањ. Исто така и попознатиот Томас Ертел се поврзува со ангажман во Зенит, што автоматски е ставен под закана неговиот настап за Триколорите на претстојниот Евробаскет.

На ова реагираше Еван Фурние, француската ѕвезда која настапува за Њујорк никс во НБА-лигата. Тој застана во одбрана на своите колеги, тврдејќи дека не може надворешните влијанија да им ја диктираат кариерата. Документот го потпиша само за да избегне дополнителни проблеми, но е против оваа одлука.

„Да бидам искрен, не ми се допаѓа одлуката, но го потпишав документот за доброто на репрезентацијата. Во светот има многу воени конфликти, па ако се условуваме според нив, не би имале многу избор, односно клубови за кои би играле“, истакна Фурние.

- Оглас -

Најнови вести