Танги Ндомебеле ги смири Волците уште во 56-тата секунда со погодок на „Молињу“, по кој Тотенхем поведе против Вулверхемптон со 1:0 и се доближи до интересен рекорд, што го држи нивниот градски ривал Челзи.
Ова е 11-ти погодок на Тотенхем во прва минута, откако се игра Премиер лигата, а само Челзи има повеќе погодоци во први 60 секунди, и тоа им успеа на 12 натпревари.
Ндомбеле погоди по гужвата во шеснаесетникот на домаќините, а умешно ја искористи асистенцијата на Дејвис и му донесе предност на гостинот во раната фаза од мечот против Вулверхемптон.