Не беше миленик на Конте, Нинџата си заминува од Интер

Антонио Конте не е задоволен од Белгиецот Раџа Најнголан, не смета сериозно на него, па Интер реши да го позајми популарниот Нинџа, и тоа во Калјари, каде што Најнголан играше добро во минатата сезона. Сите детали се договорени и Најнголан во јануари се враќа на Сардинија и таму ќе игра до крајот на сезонава.

Најнголан сезонава одигра само еден меч за Интер, имаше и повреда, па не ги покажа своите квалитети како во минатата сезона, кога играше за Калјари. Договорот со Интер му е до 2022 година. Освен за Интер и Калјари, тој во Италија има играно и за Пјаченца и Рома.

- Оглас -

Најнови вести