Не бил само сеир и инает за Мурињо – Погба блескаше со асистенции против Кардиф

Пол Погба се разигра без Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед и на првиот меч без Португалецот со кого имаше безброј кавги блескаше со асистенции во победата против Кардиф од 5:1.

Недоразбирањата меѓу Погба и Мурињо долго време ги полнеа страниците на медиумите, тие повеќе се надигруваа надвор од теренот, отколку на него, а Пол го испрати со сеир и изјава „дека се закачил со погрешен играч“. И според настапот вечерва против Кардиф испадна дека е во право.

Погба одигра одличен меч на „Милениум“ и имаше две асистенции, првата за Андер Ерера, а потоа и до Лингард.

Манчестер го декласира Кардиф, а играчите со одлична игра му посакаа добредојде на клупата на некогашниот игра на тимот, Оле Гунар Солскјер, кој го замени Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести