Не биле толку културни во Шведска: Жестока тепачка меѓу фановите на Хамерби и Базел (Видео)

Дека хулиганските испади не треба да се асоцијација само за Балканот, источниот дел на Европа или Англија, покажуваа снимките од Шведска за време на синоќешниот дуел меѓу Хамерби и Базел во плејофот од Конференциската лига. Навивачите на шведскиот тим без поголема причина нападнаа 20-тина гостински симпатизери, кои допатуваа во Стокхолм да го бодрат Базел.

Изненадени и помалкубројни, навивачите на Базел го извадија „подебелиот крај“, но утеха може да им биде тоа што нивниот омилен клуб на крајот успеа да се пласира во групната фаза од европското натпреварување. По голема борба, Базел се радуваше по подобро изведување на пенали.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести