Не било баш толку лесно – Пер остана без олимпискиот сон по изјавата „Ќе загубам, ќе си добијам 12.000 евра и ај чао“

Француската тениска федерација го поништи сонот на Беноа Пер за настап на Летните олимписки игри во Токио најмногу поради контроверзната изјава по мечот против Џордан Томпсон, кога загуби со 1:2.

„Воопшто не ми беше гајле. Се чувствав лошо на терен и на меч без публика. Ќе загубам, ќе си добијам 12 илјади евра и ај чао“, изјави Пер минатата недела.

Ова беше само капак на непрофесионалното однесување на 35-рангираниот светски тенисер, како што оценија од Француската тениска федерација.

Во одлуката што ја донесоа, Пер да не биде во квартетот тенисери од оваа земја што ќе играат во Токио, наведоа дека тој се однесува непримерно, а не му ги простија пцовките, навредите кон противниците дури и намерното губење натпревари.

Пер им се извини на тениските фанови во својата земја и на претставиците на Француската федерација, но сега е доцна. Во 2021 година одигра 10 меча и беше поразен на 9 од нив.

Досега во кариерата 31-годишниот тенисер има три АТП-титули, заработи 8,5 милиони евра, а највисок ранкинг на светската АТП-листа му е 18-тата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести