Не е навикнат: Марсијал ја заборави топката со која постигна хет-трик против Шефилд (видео)

Ентони Марсијал сам го реши Шефилд и му донесе убедлива победа на Манчестер јунајтед со 3-0. Хет-трикот против Сечилата му беше прв сениорски на Французинот, па сосема оправдано не е навикнат да ја зема топката по мечот.

Додека се движеше кон тунелот по мечот, Марсијал го потсетија дека треба да си ја земе топката за спомен. Инаку, Марсијал е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед кој постигна хет-трик откако Сер Алекс Фергусон се пензионира во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести