Не е само Де Јонг, желба на новиот менаџер на Манчестер е и холандската ѕвезда на Јувенстус

Ерик тен Хаг е пред тешка мисија да го реконструира тимот на Манчестер јунајтед како што тој замислува, но ова лето управата ќе го поддржи со трансфери и веќе се најавени неколку звучни имиња кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“.

Френки де Јонг од Барселона е голема желба на Тен Хаг знаејќи дека двајцата успешно соработуваа во Ајакс. Сепак, холандскиот стратег го насочи вниманието и кон вториот свој „производ“, кој потекна од школата на Копјаниците, Матајс де Лихт.

Стоперот моментално е во Јувентус и чека на продолжување на соработката, но управата на Бјанконерите засега не работи на тој случај.

Наводно веќе е испратена понуда до Торино вредна 60 милиони евра, плус услугите на левиот бек Алекс Телес, за што Ѓаволите се надеваат на позитивен одговор. Доколку се даде зелено светло за остварување на трансферот, одбраната на Јунајтед ќе добие нов изглед со Варан и Де Лихт.

- Оглас -

Најнови вести