Не е само ораницата на „Сан Сиро“, Валенсија има уште 72 причини за загриженост

Во топ-лигите во Европа, само ПСЖ и Манчестер сити имаат дадено повеќе голови од Аталанта сезонава. Тимот од Бергамо постигна вкупно 72 гола во Серија А и Лигата на шампионите, па нивниот напад е проблемот кој ќе треба да го решава Валенсија на вечерашното гостување во Милано. Аталанта своите домашни средби во ЛШ ги игра на „Сан Сиро“, но поради постојаното играње на таа трева, некогаш и по три меча неделно, теренот е во очајна состојба.

Во Валенсија славеа кога при ждрепката им се падна Аталанта во осминафиналето, но италијанскиот тим е машина за голови и на Лилјаците нема да им биде лесно. Јосип Иличиќ е најефикасен, но дури шестмина играчи на Аталанта сезонава имаат дадено седум или повеќе погодоци. Од друга страна, одбраната на Валенсија е некомплетна, во аут се Гарај, Флоренци и Габриел Паулиста.

Валенсија има непријатни сеќавања од мечевите на „Сан Сиро“, таму од Баерн го загубија финалето на ЛШ во 2001 година, еден од најболните порази во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести