Нè е се така розево во Баерн Минхен: Ќе летаат откази кај првакот ако не се подобри играта

Баерн Минхен четири кола по ред нема победа во Бундеслигата, а вчера против Аугсбург го запиша и првиот пораз.

И додека во Лигата на шампионите во тешката група каде што се Интер и Барселона, речиси сигурно обезбедија пласман во наредната фаза, на Баварците не им иде најдобро во Германија.

„Јасно е дека имаме проблеми, но ќе ги надминеме, во тоа сум сигурен. Ни фали реализација во одредени моменти“ изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.

Според германските медиуми, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ им се заканил на играчите но и на тренерот дека доколку не се подобри играта во следните натпревари дека ќе следуваат откази.

- Оглас -

Најнови вести