Не е сè во парите: Мегваер одбил две третини поголема плата од Сити

Најскапиот светски дефанзивец Хери Мегваер, кој летово потпиша за Манчестер јунајтед, наводно одбил две третини поголема плата од Манчестер сити од онаа што ја заработува во редовите на Црвените ѓаволи. Англиските медиуми открија дека Граѓаните му нуделе 280.000 фунти неделно на поранешниот стопер на Лестер, но тој посакувал преселба само на „Олд Трафорд“.

Како што е познато, неделната заработка на Мегваер во Јунајтед е 190.000 фунти, што е редок доказ дека не секогаш парите се на прво место кај фудбалерите. На овој начин Англичанецот за брзо ги придоби симпатиите на навивачите на Јунајтед, а уште во првото коло од Премиер лигата, поточно во триумфот од 4-0 над Челзи, почна да ги оправдува рекордните 80 милиони фунти кои беа потрошени за него.

Доколку Мегваер се согласеше на преселба во Сити, ќе беше најплатен дефанзивец на светот бидејќи според понудениот петгодишен договор, ќе заработеше вкупно 70 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести