Не е сеедно дали ќе освоите 300.000 или 8.000.000 евра

Победа на денешните натпревари и пласман во последниот филтер пред групите од Лигата на шампионите во фудбал носат голема финансиска придобивка. Местото во плејофот за влез во ЛШ вреди 5 милиони евра, а тимот што ќе испадне во таа рунда, која е последен филтер пред влезот во групната фаза, се сели во групите од Лигата на Европа, што значи заработка од 2,92 милиони евра.

Ова значи дека тимовите кои ќе победат вечерва и оние што славеа синоќа, ќе добијат речиси 8 милиони евра, што е мотив плус. Буџетите на многу клубови зависат од резултатите во Европа, а разликата е огромна. Тие што ќе испаднат вечерва, остануваат со заработка од скромни 300 илјади евра, колку што добиваат тимовите во плејофот за Лигата на Европа.

Загрепскиот Динамо, за кого игра Аријан Адеми, ако влезе во ЛШ (треба да ги победи Ференцварош, па Молде или Карабах), би инкасирал 15,2 милиони евра и плус уште неколку милиони за коефициентот од последните десет години. Лани Динамо играше во групите и од УЕФА доби 30-тина милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести