Не е за верување: Напаѓачот на Барселона го спаси Реал да не прими втор гол (Видео)

Барселона многу лесно можеше да има преддност од 2:0 на гостувањето кај Реал Мадрид, но домаќините имаа многу среќа, и тоа благодарение на еден гостински фудбалер. Каталонците беа во напад, топката дојде до Кеси, кој од позиција на пеналтикот шутираше кон голот.

Топката одеше кон голот, делуваше дека Куртоа е матиран, но радоста на гостите ја спречи Ансу Фати. Напаѓачот на Барселона, кој во игра влезе три минути претходно, се најде пред голот, и тоа токму на патеката на топката која требаше да заврши во голот.

 

- Оглас -

Најнови вести