Не ги слуша докторите: Касилјас се врати на тренинг на Порто

Само пред шест месеци фудбалскиот свет остана во шок кога се прошири веста дека Икер Касилјас доживеал срцев удар. За среќа, голманот го преживеа мозочниот удар и остана без никакви последици. И покрај тоа што се работеше за мал срцев удар, докторите го советуваа Касилјас да се откаже од активното играње фудбал.

Сепак, Касилјас покажа дека не може без фудбалот. Од месец во месец постепено го тестираше своето тело, а веќе денеска реши да се појави на тренинг. Легендарниот шпански голман се пофали и на социјалните мрежи за својот подвиг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести