Не го бива за тренер, останува капитен на тимот

Винсан Компани нема да има двојна улога во Андерлехт, како тренер и играч, откако беше сменет од позицијата кормилар на гигантот, па сега ќе може да се сконцентрира само на игрите на теренот.

Со него како менаџер, Андерлехт го има најлошиот старт на сезона во белгиското пренство во последните 21 година. Андерлехт сè уште нема победа и е со два бода, две ремија и два порази.

Компани пристигна летово од Манчестер сити, а целта беше да има двојна улога, но тоа траеше многу кусо.

„Најдобро е Компани да се сконцентрира на улогата на теренот како играч, а јас заедно со соработниците ќе бидеме задолжени за тренерската работа“, изјави Симон Дејвис. Тој ќе го замени Компани во улогата на тренер, а поранешниот капитен на белгиската репрезентација ќе има тешка задача, да ги предводи соиграчите до сефте победа во белгискиот шампионат.

Следен противник на Андерлехт ќе биде Генк, во дербито на петтото коло во популарната Јупилер лига.

- Оглас -

Најнови вести