Не го примиле да работи во Мекдоналдс, а сега жнее трофеи со Баерн

Алфонсо Дејвис е тинејџерот кој минатата сезона блесна на европската фудбалска сцена. Играчот кој е роден во Гана, а детството го поминал во Канада, пред две години се пресели во Минхен за да го покаже својот талент во најдобриот клуб во Германија.

За кратко време Дејвис покажа дека е одличен на левата бековска и крилна позиција и доби стандардно место во првиот тим на Баерн. Тинејџерот сигурно ќе ја памти 2020 година, затоа што досега освои четири трофеи со баварците. Баерн стана првак на Германија го освои домашниот Купот, триумфираше во Лигата на шампиони, а пред два дена се радуваше и на трофејот во Суперкупот на УЕФА. Дејвис со своите игри сигурно има голема заслуга за овие успеси.

Патот на Дејвис до ваквите ѕвездени фудбалски моменти воопшто не бил лесен. Неговото семејство немало добри услови за живот и решило да избега во Канада. Преку кампови за бегалци во Гана и Либерија стигнал во Канада, а уште од најмлади години сакал финансиски да му помогне на семејството, но тешко му одело со тоа да најде работа. Откри дека аплицирал и во Мекдоналдс, но никогаш не го повикале на работа, па сега реши да им се „заблагодари“ за тоа.

„Вие од Мекдоналдс ако го гледате ова, аплицирав за работа во една од вашите франшизи. Никогаш не ми се јавивте да ме повикате за работа“, откри Дејвис.

Најзаслужен за тоа што 19-годишниот тинејџер сега е дел од Баерн Минхен е Хасан Салихамиџиќ, кој бил на еден турнир во Канада и го забележал талентираниот играч кој сега блеска и жнее трофеи со баварскиот гигант.

 

 

- Оглас -

Најнови вести