Не го споредувајте Леброн со Џордан, Кралот е најдобар на сите времиња

Некогашниот центар на Детроит пистонс, Бил Ламбир, смета дека Леброн Џејмс е најдобар кошаркар на сите времиња пред Мајкл Џордан. Во трката за „GOAT“ (Greatest of all time), Кралот има предност пред легендата на Чикаго само поради еден сегмент.

„Леброн, според мене, е најдобриот на сите времиња. Многу сум сигурен во тоа. Брз е како ветер, исклучително силен. Доволно говори фактот што Џејмс уште од првиот ден кога се појави во НБА-лигата знаеше како да ги направи своите соиграчи подобри и да остваруваат победи. Тоа е нешто што Џордан не можеше да го стори. Точно дека Џордан има повеќе титули, но Џејмс би доминирал во која било ера како што е доминантен и сега“, вели Ламбир.

Ламбир инаку стигна до шампионската титула во два наврати во 1989 и 1990 година. На пат кон врвот имаше прилика да ги совлада Булси предводени од Џордан пред тимот од кошаркарската Мека да почне да доминира во лигата и да освои шест титули во следните осум сезони.

- Оглас -

Најнови вести