Не им е лесно на спортските новинарки со навивачите (Видео)

Понуда за брак и барање за покажување на градите се само дел од моментите кои спортските новинарки низ светот ги доживеаја викендов.

На дербито на албанската лига помеѓу Тирана и Партизани имаше големи нереди на трибините, но некои од навивачите беа и позитивно расположени.

Еден од нив застана покрај оградата и на новинарката Геа Браха ѝ понуди брак. Таа го игнорираше, но на социјалните мрежи објави дека на стадионот добила понуда за брак, но ја одбила бидејќи била на работното место.

Познатата атрактивна италијанска спортска новинарка Дилета Леота на мечот помеѓу Наполи и Бреша мораше да одговори на барањето да ги покаже градите. Таа ги разочара фановите на тимот на Елиф Елмас.

Дилета е навикната на вакви работи, па само се насмеа и со прст им покажа дека нема да им ја исполни желбата.

- Оглас -

Најнови вести