Не издржа од болка – Почина таткото на Емилијано Сала

Нова трагедија го потресе семејството Сала, по трагичната смрт на фудбалерот Емилијано од срцев удар почина и неговиот татко Хорацио.

Само три месеци по авионската несреќа во која 28-годишниот Емилијано Сала го загуби животот, патувајќи од Нант кон Кардиф, откажа срцето на неговиот татко, кој не можеше да ја преболи големата загуба.

Емилијано со пилотот Дејв Иботсон и неговиот пајпер исчезнаа над Ла Манш кон крајот на јануари годинава. По тринеделна потрага беа најдени остатоците од авионот, заедно со телото на фудбалерот, кој во зимскиот преоден рок потпиша за премиерлигашот Кардиф.

Патуваше кон Велс од Нант, каде беше за да се прости со своите соиграчи, но за жал не стаса на предвидената дестинација.

- Оглас -

Најнови вести