Не ја пипнаа топката и го победија фаворитот со 2:1 (Видео)

Арминија Билефелд приреди вистинска сензација со победа од 2:1 на „Бај арена“ во Леверкузен против Баер, иако гостите имаа само 25 посто посед на топката.

Домаќините беа многу подобри во таа статистичка категорија, но иницијативата им беше јалова и не им донесе ниту бод, иако очекуваа сигурна победа.

Арминија беше опасна во контранападите и успеа да приреди изненадување со головите на Доан во првото полувреме и на Окагава во вториот дел.

Пичесниот погодок за фаворитот Баер го даде Патрик Шик во финишот на мечот. Арминија освои златни бодови во битката за опстанок и сега со 22 бода е на една позиција над зоната за испаѓање.

Баер остана на шестата позиција со 40 бода и си ги намали шансите за настап во Лигата на шампионите идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести