Не ја трпат Омонија – Навивачи на АПОЕЛ приредија спектакл за Црвена ѕвезда (Видео)
Познато е големото ривалство на двата клуба од Никозија, а уште еднаш се потврди на дело при пристигнувањето на „црвено-белите“ од Белград.

Фудбалската експедиција на Црвена ѕвезда имаше неочекуван дочек во Никозија, каде што пристигнаа за дуелот со Омонија, што ќе се игра во квалификациите за Лигата на шампионите, денеска од 17 часот.
Навивачите на АПОЕЛ, клуб кој е голем ривал на Омонија, ги дочекаа белграѓани на спектакуларен начин, со сите дозволени и недозволени навивачки „оружја“.
Kosovo is Serbia
Red Star support from
APOEL ULTRASOrthodox Brothers@crvenazvezdafk @apoelfcofficial pic.twitter.com/4kn4ssH7TY
— Orange Eye (@OrangeEye7) September 15, 2020
Им приредија дочек на ривалите на нивниот најголем противник и омразен клуб. Ривалството меѓу Омонија и АПОЕЛ е познато во фудбалскиот свет, а дербито на Никозија е едно од најголемите во регионот.
За среќа, денеска двете навивачки групи на клубовите од Никозија нема да бидат на трибините на стадионот „Нео“, на којшто играат и Омонија и АПОЕЛ.
УЕФА забрани присуство на навивачи во квалификациските мечеви во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.