Не Конте, туку Камбијасо е фаворит за клупата на Интер?

Италијанските медиуми шпекулираат дека некогашниот фудбалер на Интер, Аргентинецот Естебан Камбијасо, ќе биде новиот тренер на „нераѕурите“, кои по киксот против Болоња, па и оној во Купот против Лацио, веќе нема уште долго да го толерираат тренерот Лучијано Спалети.

Се најавува дека Спалети добил ултиматум: или да победи в сабота на гости кај Парма, или ќе остане без работа.

Доколку Интер не слави кај Парма, тогаш разделбата со Спалети е извесна, а на клупата ќе седне Камбијасо, како поевтина варијанта од првичниот план, Антонио Конте. Камбијасо за Интер одигра над 440 меча, ја освои ЛШ, но како тренер нема искуство како Конте.

Навивачите на Интер го сакаат Камбијасо, но не се баш за варијантата тој тренерската работа да ја учи таму. Аргентинецот досега немал посериозна тренерска работа во кариерата, а му беше помошник на селекторот Хосе Пекерман во репрезентацијата на Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести