Не личат на тениска публика – Новак игра моќно, во Њујорк му свиреа, па го изнервираа (Видео)

Новак Ѓоковиќ игра моќно на Отвореното првенство на САД, лесно го прегази Турчинот Талон Грикспор со 6:2, 6:3, 6:2 и се најде на пет чекори до обединување на сите четири гренслем-круни во иста година и до 21-вата рекордна титула на најценетите тениски трунири.

И покрај сите успеси, очигледно Србинот не е омилен кај публиката во Њујорк, која и вчера се обиде да го испровоцира. Од трибините му свиреа на Ѓоковиќ, па успеаја и да го изнервираат. Новак реагираше кај судијата и влезе во кавга со него, но потоа се смири и го заврши мечот со убедлива победа.

https://twitter.com/nolekralju19/status/1433595320512954373?s=20

Новак е на прагот на историски успех и има шанса по 52 години да биде тенисерот што ќе ги има сите четири пехари од гренслемовите во иста година. Претходно Род Лејвер го оствари подвигот со победи на Отвореното првенство на Австралија, Ролан Гарос, Вимблдон и Отвореното првенство на САД во иста година.

Новак може да дојде до таков подвиг на турнирот што го освојуваше трипати, но и го доживеа најнепријатниот момент во кариерата. Лани беше дисквалификуван од турнирот откако со топчето ја погоди линиската судијка на дуелот со Карењо Буста.

Сега има само уште пет пречки до целта и рекорд од 21 титула на гренслем-турнирите, со што ќе биде осамен на врвот на вечната листа пред големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал со по 20 пехари на четирите најценети светски тениски турнири.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести