Не личи на Англија – Ги тераа гостите да одат пеш 10 минути до стадионот

Хал го победи Шефилд вензди со 1:0 на гостински терен, но тренерот на победничката екипа беше бесен на гостопримството и вели дека на сите начини домаќините се обиделе да им ја отежнат работата.

„Нè натераат да го паркираме автобусот далеку од Хилсборо. Пешачевме 10 минути, што е недозволено. Англија е позната во светот по џентлменскиот однос, но ова немаше врска со минимум стандарди за гостопримство.

Кај нас кога гостуваат екипите, автобусот можете да го паркирате во дворот на стадионот, што е стандард и на секој стадион во Англија.

Проблемите не завршија тука. Ни ги исклучија сите штекери во соблекувалната, а стјуардите на стадионот постојано ги провоцираа моите играчи. Не знам што е причината, но лут сум на односот на луѓето од Шефилд и јавно го кажувам тоа“, изјави Грант Мекен.

Хал и покрај сите проблеми што ги наведе гостинскиот тренер, успеа да победи со голот на Џерод Боувен и се израмни по бројот на бодови со Шефилд вензди. Двете екипи имаат по 39 бода на седмата и осмата позиција, што е блиску до 40, што засега ги има Милвол на шестата позиција, последна што гарантира настап во доигрувањето во Шампионат лигата за евентуален пласман во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести