Нова ера, нов рекорд – Не мина ни половина час, европскиот првак замени дури четворица играчи

Поранешниот европски првак Стеауа, или како што сега се вика ФЦСБ, доживеа тежок пораз од 5:2 на гостувањето против Поли Јаши, а лошата игра толку го изнервира тренерот на клубот од Букурешт, што направи дури четири замени, пред да истече половина час од играта на стадионот „Емил Александреску“ во Јаши.

Во 28-мата минута, при резултат 3:1 за домаќините, Антон Петреа ги замени Сут и Цана, а само 60 секунди подоцна од игра излегоа и Истрате и Петреа.

Ова веројатно е рекорд во новата ера, кога се дозволени пет, наместо стандардните три замени во фудбалот, правило што се измени поради пандемијата со ковид-19.

Ни замените не донесоа подобрување во играта на првиот европски шампион од Источна Европа, па до крајот ФЦСБ прими уште два гола и загуби со 5:2 од Поли Јаши.

- Оглас -

Најнови вести