Не можат сите да продолжат – Англиски нисколигаши се едногласни: Ја завршивме сезоната

Англиските клубови од пониските лиги, или таканаречните Национални лиги, едногласно донесоа одлука да не ја доиграат сезоната.

Останува само да се договорат кој модел да се предложи за промоција во повисок ранг на натпревари и за евентуално испаѓање.

Како што стојат работите нема веќе да има фудбал кај англиските нисколигаши, а останува уште три лиги од тој ранг да се изјаснат дали ќе се приклучат или евентуално ќе се обидат да ја доиграат сезоната.

„Во услови кога во Англија беснее епидемијата со ковид-19, не можеме да гранатираме безбедно одигрување на натпревари во блиска иднина. Завршувањето на сезоната не е крај на светот, а одлучивме на овој начин за да ги заштитиме и клубовите и играчите, но и сите останати што се инволвирани во фудбалската игра во пониските лиги“, изјави Мајкл Тејтерсал, кој е извршен директор на Националната лига, која има повеќе фудбалски региони.

- Оглас -

Најнови вести