Не може без нереди: Двајца англиски навивачи избодени со нож во Рим

Рома на „Олимпико“ вечерва игра против Брајтон во меч од осминафиналето во Лигата на Европа, а како предигра а дуелот се случи инцидент во главниот град на Италија. Двајца гостински навивачи од Англија биле нападнати, ограбени и озбодени со нож недалеку од римското обележје „Колосеумот“. Инцидентот се случил синоќа.

Двајцата навивачи пристигнале од Англија специјално да го бодрат Брајтон, но на крајот треба да се среќни што се живи. Едниот од нападнатите има 28, а другиот 29 години. Според пишувањата, тие биле нападнати од маскирана банда од седум луѓе.

Напаѓачите веднаш со ножеви почнале да ги бодат Англичаните по нозете, а потоа им ги одземале паричниците и документите и избегале. Едниот нападнат добил три убодни рани во пределот на бутниот мускул на левата нога, а другиот Англичанец имал повеќе убоди во десната нога. Нив ги пронашол сопственик на еден ресторан во близина на нападот.

- Оглас -

Најнови вести