Не може да се спореди со Џордан, но со неверојатни партии израмни рекорд на легендата во Чикаго (ФОТО)

Демар Дерозен е еден од најдобрите кошаркари за оваа сезона во НБА-лигата. Членот на Чикаго булс игра во фантастична форма, којашто беше потврдена со одличен настап и победа против Сан Антонио спарс од 120:109.

Дерозан имаше 40 поени, со што стана првиот играч во оваа франшиза, по легендарниот Мајкл Џордан, којшто на шест едноподруго натпревари постигнува најмалку 35 поени.

Јасно е дека Дерозен не може да се споредува со легендата на овој спорт, но тоа што го прави во 32-та година од животот навистина е фантастично.

Чикаго игра блескава сезона и во моментов е на второто место во Источната конференција, а со ваква игра може и по долга пауза да се надева на пласман во големото НБА-финале.

- Оглас -

Најнови вести