Не може веќе да ја чека Франција, напаѓачот одбра друга репрезентација

Фудбалерот на Олимпик Лион, Хусем Ауар одлучи да игра за репрезентацијата на Алжир. Овој 24-годишен играч за врска има одиграно еден пријателски меч во дресот на Галските петли и тоа пред две години во победата на пријателскиот дуел против Украина со 7:1.

Ауар потоа беше „заборавен“ од селекторот Дидие Дешан, кој не го вклучи во националниот состав на последните две големи натпреварувања. Ако се знае дека мечот на кој има играно беше од пријателски карактер, Ауар има право да го смени националниот дрес.

Претседателот на фудбалската федерација на Алжир, Џахид Зефизер се пофали дека фудбалерот на Лион прифатил да игра за оваа африканска репрезентација. Ауар има алжирски корени и затоа има право за настан за оваа селекција.

- Оглас -

Најнови вести