Не му веруваше ниту на „око соколово“, па реши да го фотографира доказот (Видео)

Беноа Пер е тенисер кој е познат по неговиот бурен темперамент, што го покажа и на дуелот од АТП-турнирот во Рим. Французинот во првото коло играше со домашниот тенисер Стефано Траваље и на крајот загуби со 6:4, 6:3, иако беше подобро рангиран од противникот.

Пер посебно се налути во еден момент од вториот сет, кога тврдеше дека судијата донел погрешна одлука. Пет сервираше, а судијата оцени дека тоа било аут. Французинот се налути, но и технологијата „око соколово“ покажа дека топчето завршило аут.

Тенисерот одлучи да го земе мобилниот телефон и да ја фотографира линијата како доказ дека сервисот бил добар. Иако веднаш беше опоменат од судијата на столот, Пер без многу размислувања одговори дека е подготвен да плати каква било казна само да докаже дека бил во право за тој сервис дека бил добар.

 

- Оглас -

Најнови вести