Не навиваа сите Бразилци за Фламенго, далеку од тоа

Поразот од Ливерпул во финалето на Светското клупско првенство, ги растажи навивачите на Фламенго, но израдува многу фанови во Рио де Жанеиро и Бразил. Се радуваа сите кои се поддржувачи на клубот Флуминенсе, еден од најлутите ривали на Фламенго.

Навивачи на Флу објавија фотографија на Роберто Фирмино во дрес на Флуминенсе, а Фирмино беше стрелецот на голот на Ливерпул во победата од 1-0 над Фламенго. Инаку, Фирмино кој е Бразилец и кариерата ја почна во клубот Фигеиренсе, има изјавено дека бил навивач на клубот Коринтијанс.

Ако некој мислеше дека од почит кон Фламенго, Фирмино нема да се радува, многу погреши. Тој после голот се радуваше, го соблече дресот и се прегрнуваше со останатите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести