(Не)очекувано – Гриезман го нема меѓу стартерите на Барса, Меси ќе глуми „деветка“

Францускиот репрезентативец Антоан Гриезман, за кого Барселона лани плати 120 милиони евра, го нема во почетниот состав на Барса за вечерашниот дуел со Ференцварош. Причината не е дека тренерот Роналд Куман го потценува унгарскиот првак, туку реши да го казни Гризи за слабите игри во дресот на каталонскиот гигант, за разлика од националниот тим, каде што е одличен.

Куман нема многу решенија во шпицот на нападот, освен Гриезман, опција е Мартин Брајтвајт, па одлучи како најофанзивен да го постави Лионел Меси, кој ќе има поддршка од крилата Тринкао и Ансу Фати и од полушпицот Кутињо. Меѓу стартерите го нема ни искусниот и заморен Бускетс.

На дербито во Париз, Нејмар и Мбапе го предводат нападот на ПСЖ против Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести