32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Соиграч на Елмас не одигра ни минута за клуб што за него ќе добие отштета од 1,4 милиони евра

Чудна е приказната на Никола Максимовиќ, со многу сомнителни детали при неговите трансфери и во целата хаотична ситуација доби кипарски Аполон, а најмногу загуби калчолигашот Торино.

Популарните Бикови ќе мора да му платат отштета на кипарскиот клуб во висина од 1,4 милиони евра, иако Максимовиќ не одигра ниту една минута за Аполон.

Кипраните го купија стоперот од Црвена ѕвезда за еден милион евра во септември 2012 година и го оставија да ја доигра сезоната во редовите на „црвено-белите“.

Без воопшто да настапи за Аполон, кипарскиот клуб му го продаде Максимовиќ на Торино во трансфер што беше во најмала рака чуден и на работ на законот.

Трансферот се одвиваше преку офшор компанија во Девствените Острови и со уплати и во Луксембург, а Аполон стави клаузула со која од идниот трансфер треба да добие околу 35 посто.

Торино му го продаде Максимовиќ на Наполи за 25 милиони евра, што значеше дека Аполон треба да инкасира 8,9 милиони евра. По долги преговори меѓу двата клуба, падна договор Торино да му исплати на кипарскиот клуб 1,4 милиони евра, иако стоперот и соиграч на Елиф Елмас во Наполи воопшто не играше за Аполон.

- Оглас -

Најнови вести