Не сака да биде како Кантона и Фердинанд – Одбива понуда од Манчестер јунајтед поради големото ривалство со Лидс

Манчестер јунајтед сака да го ангажира англискиот репрезентативец Калвин Филипс, но тој поради љубов кон својот матичен клуб Лидс не сака да се пресели на „Олд Трафорд“, објавија англиските медиуми.

Филипс е роден во Лидс и досега има играно само за клубот што му е матичен и омилен, а ривалитетот со Манчестер јунајтед е голем.

Лидс веќе одби една понуда за 26-годишниот англиски репрезентатовец, кој играше одлично на Европското првенство, а Вест хем не успеа да го купи за сума од околу 60 милиони евра во зимскиот преоден рок.

Филипс има договор со Лидс до 2024 година и отштетна клаузула од 71.5 милиони евра, но од почит кон Лидс не сака да игра за Манчестер јунајтед.

Иако имаат голем ривалитет неколку познати фудбалери во минатото преминуваа од Лидс во Манчестер јунајтед, а најпзнати се Ерик Кантона, Рио Фердинанд и Алан Смит.

Лидс не сака да го продаде Филипс, но еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата игра одлично, блескаше во дресот на Гордиот Албион на ЕП и за него има огромен интерес, па речиси сигурно ќе си замине ова, или идното лето.

 

- Оглас -

Најнови вести